ВЕНЕЦИЈА
Ден на жалост во Венеција по автобуската несреќа, меѓу загинатите има и три деца
04.10.2023 13:14
Транспортното возило било изнајмено од локална компанија за превоз на 39 туристи од историскиот центар на Венеција до камп во соседниот округ Маргера...

Државјани на Украина, Шпанија, Австрија, Хрватска, Германија и Франција загинаа во автобуската несреќа близу Венеција. Загина и возачот како и три деца, вклучувајќи и бебе.
Транспортното возило било изнајмено од локална компанија за превоз на 39 туристи од историскиот центар на Венеција до камп во соседниот округ Маргера. Според властите, автобусот излетал од патот и паднал на пруга од височина од 15 метри, по што се запалил. Се истражуваат причините.
Градоначалникот на Венеција ја прогласи среда за ден на жалост.
