Велес

Нова Стратегија за транспарентноста, обврска за отчетност кон граѓаните

04.10.2023 14:57

Изработена е нова Стратегија за транспарентност на Владата за периодот до 2026 година, Здружението на новинарите со забелешка месечно да се вреднуваат најотчетните владини институции и општини, но и да се посочат тие кои се неми на барањата од јавноста …

Транспарентноста на државните институции, Владата, министерствата, јавните претпријатија, агенциите, инспекциите, се меѓународно поставени стандарди. Тоа е обврска кон граѓаните, за тие да ја доживуваат како отчетни, за тоа што го работат а трошат народни пари. Ова беше кажано на втората јавна расправа по нацрт документот за Стратегијата за транспарентност, одржан во Велес.

Документот е изработен од работна група, составена од експерти од оваа област. Целта на Владата со новата стратегија е да постигне повисоко ниво на транспарентност и одржлива свест и кај носителите на функции и кај вработените во институциите за значењето на отвореноста пред граѓаните.

Министерката побара дополнителни сугестии, кои веднаш беа испорачани од дел од присутните. Така Здружението на новинари на Македонија предложи да се вреднуваат државните институции кои се најотчетни, секој месец да добиваат некакво вид на признание, но и тие што се неми на прашањата од јавноста да бидат посочени.

 

Петар Печков