Македонија

Нови закони за поефикасна администрација

04.10.2023 16:36

Министерот за информатичко општество Алиу најави три нови закони со европско знаменце со кои само прворангираниот на конкурсот ќе биде вработен во јавниот сектор, а ќе спречува и креирање систематизации за примање во администрацијата преку врски…

Во јавниот сектор ќе може да се вработат само тие кои ќе се најдат на врвот на ранг-листата со најмногу поени, односно најдобрите кандидати, вели министерот Алиу. Уверува дека со новиот закон спремен со европско знаменце повеќе нема да има злоупотреби при вработувањата во јавниот сектор и административните службеници.

Измени и во Законот за административни службеници. Полињата за матичен број и националност во системот за администрација нема да може да се сменат.

Бројот на членови во дисциплинските комисии се намалува од седум на три, постапката за полагање испити се олеснува со тоа што ќе можат да се полагаат еднаш неделно, без да се чека на распишан оглас, а се укинуваат и државните советници во администрацијата.

Ана Јосифоска Тодоровска