ДЗС: Невреме во Велес, Делчево, Кочани и Чешиново- Облешево

26.05.2014 22:20

Во попладневните часови источниот дел на Македонија беше зафатен со врнежи од дожд. Обемен дожд имаше во Велес, Делчево, Кочани и Чешиново Облешево.  
 
Во попладневните часови источниот дел на Македонија беше зафатен со врнежи од дожд. Обемен дожд имаше во Велес, Делчево, Кочани и Чешиново Облешево.  
 
Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Велес имаше врнежи од дожд од 15:30 до 16:15 часот при што се поплавени улици, имаше прекин на електрична енергија, запалени кабли на електрични столбови од гром, паднати дрва по улици и поплавени подрумски простории. Градоначалникот, како што се наведува во соопштението, ги има ангажирано сите локални јавни претпријатија за справување со последиците. ЕВН работи на отстранување на дефектите на електричната мрежа. Доколку има потреба подрачното одделение за заштита и спасување ќе ги ангажира материјално-техничките средства и опрема за таа намена. 
 
Пообилни врнежи од дожд имаше во Кочани и Чешиново Облешево и притоа се предизвикани излевања на канализацијата. Градоначалникот има ангажирано две цистерни за исцрпување на вода. Во селото Соколарци е оштетен патот од надојдената Суводолица, а на негова санација е ангажирана една градежна машина, соопшти ДЗС.
 
Во Делчево врнежи со град имаше во повисоките предели, но таму нема посериозни штети.