Нов предлог- закон

Помилување само со правосилна пресуда

04.10.2023 18:49

Нема аболиција за лица кои се во истражна или судска постапка, претседателот може да помилува само со изречена правосилна пресуда-Министерството за правда со нов предлог-закон …

Шефот на државата нема да може да помилува лица кои се во тек на истражна или судска постапка. Единствено може да аболира лице за кое е донесена правосилна пресуда.

Ова е нов предлог-закон на Министерството за правда, по заложба на претседателот Пендаровски.

Од Кабинетот на шефот на државата велат дека ќе се овозможи кривичните судови да ја остварат во целост својата основна функција, односно да ја утврдат вината на обвинетите и да ги осудат сторителите на кривични дела.

Во соопштението од Кабинетот се вели дека на овој начин се придонесува во зајакнување на независноста на судството и функционирањето на правната држава.