Европа

Штетите од поплавите во Словенија се проценуваат на 9,9 милијарди евра

04.10.2023 19:21

Поплавите зафатија 183 од 212 општини во земјата, а површината на погодената област се проценува на 17.203 квадратни километри или 85 отсто од територијата на земјата.

Директните штети од поплавите во август и нивните последици за луѓето, бизнисите и животната средина изнесуваат 9,9 милијарди евра, соопшти словенечката влада.

Поплавите зафатија 183 од 212 општини во земјата, а површината на погодената област се проценува на 17.203 квадратни километри или 85 отсто од територијата на земјата.

Проценката игра клучна улога во подготовката на пријавата за надомест на штети од Фондот за солидарност на ЕУ. Барањето за помош секако ќе го поднесеме пред истекот на рокот, односно до 27 октомври, кажа министерот Јевшек.

Поплавите предизвикани од обилните дождови во август, словенечкиот премиер Роберт Голоб ги опиша како најголема природна катастрофа во последните 30 години.