Собрание

Интерпелацијата за Јовески на наредна нова пленарна седница

04.10.2023 19:48

Џафери вели дека одговор од страна на Јавниот обвинител е доставен на време и службата работи на тоа, а за кратко ќе го добијат сите пратеници.

По обвинувањата на опозициските партии од албанскиот блок дека спикерот Талат Џафери не ја закажал седницата за интерпелација за работата на Јавниот обвинител Љубомир Јовески, кој според нивни сомнежи има улога во насочување на судскиот процес за Модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица.

Веднаш одговори претседателот на Собранието. Џафери вели дека одговор од страна на Јавниот обвинител е доставен на време и службата работи на тоа, а за кратко ќе го добијат сите пратеници.

Според Деловникот интерпелација се става на дневен ред по 15 дена од добиениот одговор, велат од Кабинетот на собранискиот спикер.