Милевски повика 25 фудбалери за натпреварите со Украина и Ерменија

04.10.2023 18:05

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денес го објави списокот со повикани фудбалери...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денес го објави списокот со повикани фудбалери за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина (14-ти октомври) во Прага и контролниот меч против Ерменија во Струмица (17- ти октомври).

На списокот на Милевски се наоѓаат 25 фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски.

Одбрана: Висар Муслиу, Тодор Тодоровски, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Ахмет Иљазовски, Стефан Ашковски.

Среден ред: Енис Барди, Елиф Елмас, Аријан Адеми, Јани Атанасов, Агон Елези, Давид Бабунски, Исник Алими.

Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Ваљон Етеми, Љупче Дориев, Александар Трајковски, Димитар Митровски.

Официјалниот собир за подготовките е закажан за 9-ти октомври во Скопје.

 

Фото: ФФМ