Леброн не знае дали ќе игра по сезоната 2023/24

04.10.2023 19:09

Џејмс има опција во договорот со Лос Анџелес лејкерс да настапува во сезоната 2024/25 и да заработи 51,4 милиони долари.

Леброн Џејмс, по враќањето од одмор, призна дека сè уште не размислува за кариера по сезоната 23/24. Џејмс има опција во договорот со Лос Анџелес лејкерс да настапува во сезоната 2024/25 и да заработи 51,4 милиони долари.

Според него, сега не е подготвен да одговори дали ќе ја продолжи кариерата или ќе ја напушти кошарката во 2024 година.

Сè уште не знам. Се чувствувам поинаку. Немам веќе 21 година, тоа е сигурно. Но, што се однесува до енергијата, немам проблем со тоа, изјави Џејмс.