Kризниот штаб во Велес договори мерки за справување со последиците од невремето
26.05.2014 22:25
Најлошо поминаа жителите од населбата Поток. За среќа куќите останаа непоплавени, но улицата е затрупана со кал...

Три паднати дрвја, еден деловен простор поплавен и многу кал по улиците, ова е засега епилогот од дождот кој попладнево врнеше во Велес. Најлошо поминаа жителите од населбата Поток. За среќа куќите останаа непоплавени, но улицата е затрупана со кал. Екипи на ЈКП Дервен веќе работат на расчистување. Вечерва заседаваше и кризниот штеб, договорени се мерките кои заеднички ќе се спроведуваат доколку се остварат прогнозите на синоптичарите велешкиот регион да биде погоден од силни врнежи на дожд.
„Ги чекаме извештаите од населените места. Во село Kаласлари имаме информација дека треба да се интервенира поради големи наноси на земја. Ќе направиме снимања и мапирање на одредени точки во градот каде што во наредниот период поради обилниот дожд може да се појават клизишта и одрон на карпи“, изјави градоначалнкикот на Велес, Славчо Чадиев.
