Влада

Ковачевски ќе учествува на третиот Самит на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија

05.10.2023 07:53

На Самитот учествуваат лидери од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција и Украина. Учество на третиот Самит на ЕПЗ ќе земе и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, учествува на третиот Самит на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија. На Самитот учествуваат лидери од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција и Украина. Учество на третиот Самит на ЕПЗ ќе земе и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Ковачевски ќе учествува на пленарна сесија, а потоа со лидерите на Шведска, Франција, Обединетото Кралство, Италија, Хрватска, Лихтенштајн, Бугарија и Албанија, како и Европската комисија и европскиот Парламент, ќе земе учество на тркалезната маса, посветена на дигитална транзиција и вештачка интелигенција.

Во рамки на третиот Самит на Европската политичка заедница, предвидено е претседателот на Владата, Ковачевски да оствари билатерални средби со премиерот на Ирска Лео Варадкар, и премиерот на Холандија Марк Руте.

Европската политичка заедница е платформа за политичка координација за европските земји ширум континентот, чија цел е да ги собере лидерите од европските земји во духот на еднаквоста и единството еднаш до двапати годишно. Првиот самит на Европската политичка заедница се одржа во Прага во октомври 2022 година, по што во јуни годинава, следуваше самит во Кишињев, Молдавија.