Одбележување на Светскиот ден на Вранецот
По повод Светскиот ден на вранецот, денеска свое обраќање ќе имаат министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија Љупчо Николовски и на Црна Гора Владимир Јоковиќ...

Здружението „Вина од Македонија“ со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе го одбележи Светскиот ден на вранецот.
На настанот свое обраќање ќе имаат министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија Љупчо Николовски и на Црна Гора Владимир Јоковиќ.
Настанот е во организација на здружението „Вина од Македонија“, финансиски поддржан од страна на МЗШВ и традиционално се одржува по петти пат. Станува збор за значаен вински настан кој на едно место ги обединува домашните и регионални производители на вино од сортата вранец, вински експерти и љубители на виното.
