Македонија
Претрес во скопски Центар, приведен дилер, пронајден кокаин
05.10.2023 08:45
На полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија го лишија од слобода М.Н.(58) од Скопје...

На полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија го лишија од слобода М.Н.(58) од Скопје.
По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба беше извршен претрес во дом и дополнителни два објекта кај М.Н., на подрачјето на Центар, при што е пронајден кокаин, подготвен за улична продажба и три дигитални ваги.
Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
