САД

Белата куќа испрати запленета муниција од Иран во Украина

05.10.2023 08:49

САД и испратија на Украина повеќе од еден милион иранска муниција што беше запленета минатата година.

„Американската влада префрли 1,1 милион парчиња муниција од мало оружје за украинските пешадиски единици. Ќе продолжиме да преземаме активности за да ја поддржиме во нивната борба за слобода“, изјави Карин Жан-Пјер, портпарол во Белата куќа.

Помошта пристигна во време кога континуираната финансиска поддршка на САД е под знак прашалник поради сомневањата и отворениот отпор на неколкумина републиканци за дополнително финансирање од 13 милијарди долари за Украина. Претседателот Бајден најави дека наскоро ќе ги изнесе аргументите – зошто е важно Киев да успее. Зеленски рече дека ја чувствува поддршката од САД и е убеден оти така ќе биде и во иднина. Потенцираше дека контраофанзивата продолжува и дека ќе направи се за Киев да ја добие војната.