Македонија

Изложба „Животи обликувани во вода“

05.10.2023 08:58

Цел на изложбата е и да се запознае пошироката јавност со реките на чија заштита активно се работи, како и со вредностите кои од здружението сметаат дека треба да се зачуваат.

Вечерва, во 19 часот, во Културно – информативниот центар во Скопје, здружението „Еко – свест“ ќе ја отвори изложбата „Животи обликувани од вода“. Ќе бидат изложени фотографиите и видеоматеријалите на седум фотографи од регионот, на кои се гледаат начините на кои нашите животи се испреплетуваат со реките.

Цел на изложбата е и да се запознае пошироката јавност со реките на чија заштита активно се работи, како и со вредностите кои од здружението сметаат дека треба да се зачуваат.

Изложбата ќе биде поставена 12 дена. Во текот на следната година се планирани изложби на ова здружение во Белград, Бања Лука, Подгорица, Мостар, Ариље, Загреб и во Карловац.

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ Facebook КИЦ