Регионалната конференција „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“
Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе биде домаќин на регионалната конференција на високо ниво, „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“...

Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе биде домаќин на регионалната конференција на високо ниво, „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија кај жени и девојки“. Конференцијата се одржува во соработка со Фондот за население на Обединетите Нации – УНФПА, а ќе се одржи под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, соопштија од претседателскиот кабинет.
На отворањето на конференцијата, покрај Ѓоргиевска, ќе се обратат и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер, постојаната координаторка на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџак, како и Диене Кеита, заменик-директорка на УНФПА.
