Привршува пријавувањето за субвенции

27.05.2014 11:23

Привршува пријавувањето за земјоделските субвенции. Рокот истекува до крајот на месецов, односно до 31 мај...

Да се почитува рокот до 31 мај годинава за поднесувања барања за субвенции во подрачната единица на  регистрираното земјоделско стопанство потсетува ресорното министерство.

Барањето се доставуваат електронски без писмени документи, со евидентирани податоци во регистарот на стопанствата и идентификација на домашни животни.

Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели треба задолжително да ја проверат и обноват бројната состојба  на животните во ветеринарно друштво.

Со запазувањето на рокот се овозможува  навремена  исплата на средствата  за субвенциите според календарот  кој е усогласен со земјоделското производство.

 

Методија Трајков