Собрание

Прва седница на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“

05.10.2023 09:24

Комисијата ќе биде надлежна за утврдување на хронологијата на настаните и околностите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија...

Во Собранието денеска ќе се одржи првата седница на Анкетната комисија за случајот со Онкологија.

Комисијата ќе биде надлежна за утврдување на хронологијата на настаните и околностите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, односно, дали со скандалот биле загрозени основите човекови права на пациентите коишто се лекувале, политичката одговорност, како и изготвување заклучоци и препораки кои ќе имаат за цел да поведат постапка за утврдување на одговорност на носителите на јавните функции и спречување натамошна злоупотреба.