Тајван
Тајван погоден од тајфунот „Коину“, 190 луѓе се повредени
05.10.2023 09:36
Најмалку 190 луѓе се повредени откако јужните делови на Тајван беа погодени од тајфунот „Коину“...

Најмалку 190 луѓе се повредени откако јужните делови на Тајван беа погодени од тајфунот Коину. Тајфунот од 4-та категорија, беше проследен со интензивни врнежи од дожд и силен ветер со брзина и до 200 километри на час. Затворени се училиштата и некои деловни објекти, а повеќето летови од локалните аеродроми се откажани.
Коину се движи кон западните провинции Гуангдонг и Фуџиан во јужна Кина и се очекува постепено да слабее.
