Во Скопје се одржува 14. Балкански конгрес за хумана генетика и 9. Состанок за ретки болести на Југоисточна Европа
Во Скопје од денеска до сабота ќе се одржуваат 14. Балкански конгрес за хумана генетика и 9...

Во Скопје од денеска до сабота ќе се одржуваат 14. Балкански конгрес за хумана генетика и 9.
Состанок за ретки болести на Југоисточна Европа, организирани од Македонското здружение за хумана генетика (МЗХГ) и Македонското здружение за ретки болести (МЗРБ), со поддршка од здруженијата на пациенти за ретки болести од земјава.
Конференцијата насловена „Генетски болести – од дијагностика до превенција и терапија“ е посветена на пациентите со наследни болести, а посебно на оние со ретки болести.
На конференцијата се очекува присуство на околу 200 научни и здравствени работници од земјава, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и од Црна Гора.
– Покрај поканетите предавачи од балканските земји, на настанот предавања ќе одржат и еминентни експерти од областа на хуманата генетика и ретките болести од Австрија, Белгија, Италија, Канада и од Холандија.
Ќе бидат опфатени дијагностика, превенција и терапија на ретките болести, но и на комплексни болести, што се должат на генетски фактори.
