САД

Американскиот Сенат го назначи Џејмс О’Брајан за помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија

05.10.2023 09:47

Тој ќе ја замени Јури Ким, некогашната американска амбасадорка во Албанија, и ќе биде претпоставен на американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар...

Со 67 гласа „за“ и „31“ против американскиот Сенат го назначи Џејмс О’Брајан за помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. Тој ќе ја замени Јури Ким, некогашната американска амбасадорка во Албанија, и ќе биде претпоставен на американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

За функцијата беше предложен од американскиот претседател Џо Бајден. О’Брајан беше дел од американската делегација за време на преговорите меѓу косовските Албанци и српските власти во Рамбуе во 99-та година.