Втора фаза од испуштањето вода од Фукушима
Изутрината во Јапонија почна втората фаза од испуштањето на прочистената вода во Тихиот Океан од оштетената нуклеарна централа во Фукушима...

Изутрината во Јапонија почна втората фаза од испуштањето на прочистената вода во Тихиот Океан од оштетената нуклеарна централа во Фукушима.
Процесот, Тепко го почна пред месец и половина. Одлуката наиде на силно противење од јапонските риболовни организации, а кинеските и јужнокорејските здруженија го претворија во политичко и дипломатско прашање.
Системите за ладење на реакторот во централата беа уништена во силниот земјотрес и цунами во 2011-та година.
„Ако има некаков проблем со испуштање на отпадните води, тоа директно ќе влијае на нас. Во таа смисла, ние сме секогаш загрижени“, изјави рибар од Фукушима.
