Тренчевска: Владата раководена од луѓе кои поддржуваат еднаквост и недискриминација, го гарантира правото на слободен избор на граѓаните
Тренчевска на почетокот од своето обраќање се заблагодари за честа да ја отвори конференцијата истакнувајќи дека само со заедничка работа и долгогодишно искуство може да се постигне успех...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше дел од воведните излагања на регионалната Конференција на високо ниво „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња“ каде домаќин е Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија, во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Тренчевска на почетокот од своето обраќање се заблагодари за честа да ја отвори конференцијата истакнувајќи дека само со заедничка работа и долгогодишно искуство може да се постигне успех.
Во своето излагање министерката го искажа своето уверување дека државата предводена од луѓе чии темели на работа се солидарноста, праведноста и еднаквоста можат да ги гарантираат правата на жената.
Таа рече дека Министерството за труд и социјална политика останува да биде расадник за идејата за еднакви можности и истакна дека ѝ претставува чест што е дел од првата борбена линија во Владата раководена од луѓе кои поддржуваат еднаквост и недискриминација со што се гарантира сигурноста на секој еден за избор за сопственото тело и за посебноста на начинот на живот, стои во соопштението.
