МВР
Претрес во Облешево, приведено едно лице, пронајдена дрога
05.10.2023 11:44
На 04.10.2023 во 16.00 часот во с. Облешево, кочанско, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода О.Н.(48) од с. Облешево...

На 04.10.2023 во 16.00 часот во с. Облешево, кочанско, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода О.Н.(48) од с. Облешево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.
