Кошарка

Почнува 24-та сезона на кошаркарската Евролига

05.10.2023 11:46

Осумнаесет клубови ќе одиграат 306 натпревари во регуларниот дел од сезоната, плеј-ин, плеј-оф и на завршниот турнир во Берлин. Титулата ја брани Реал Мадрид...

Вечерва ќе започне 24-та сезона во кошаркарската Евролига. Осумнаесет клубови ќе одиграат 306 натпревари во регуларниот дел од сезоната, плеј-ин, плеј-оф и на завршниот турнир во Берлин. Титулата ја брани Реал Мадрид.

Новата сезона во Евролигата ќе биде отворена од 19 часот. Во Арената во Белград, Црвена ѕвезда ќе го пречека француски Асвел од Вилербан.

Според новиот формат, од оваа сезона ќе се игра плеј-ин. Седмопласираните и осмопласираните екипи ќе се сретнат во еден натпревар за да изборат пласман во четвртфиналето против тимот кој го зазема второто место на табелата во лигашкиот дел од натпреварувањето.

 

 

 

 

 

 

 

Фото: /Euroleague Basketball