Пожарот во Осиек е ставен под контрола
Од Владата ќе се бара да прогласи состојба на еколошка катастрофа...

Пожарот во Осиек е ставен под контрола и повеќе не е закана за фабриката за преработка на пластика. Од Владата ќе се бара да прогласи состојба на еколошка катастрофа. Гаснењето било напорно, а покрај речиси 200 хрватски пожарникари со 82 возила, на терен имало и бројни противпожарни екипи од Словенија. Во акцијата за гаснење повредени се тројца пожарникари, од кои еден потешко. Благодарение на отстранувањето на запаливите материи и течности од просториите на претпријатието е спречена голема катастрофа.
„Пожарот е под контрола, нема закана од негово ширење. Она што е сега проблем е интензивниот чад“, изјави Иван Анушиќ од Осјечко-барањска жупанија.
„Што се однесува до квалитетот на воздухот, вчера наставниот Институт за јавно здравје изврши мерења и тој беше задоволителен. И денеска, според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, состојбата е задоволителна. Го следиме правецот на ветрот доколку се сврти кон градот, ќе преземеме одредени мерки. Засега сите училишта се отворени, освен основното училиште „Тења“, изјави Иван Радиќ, градоначалник на Осиек.
