„Фискална во рака- награда без мака“, вечерва на МРТ1
Во шестото коло од наградната игра ќе се извлекуваат 150 вредносни ваучери и главната награда е автомобил „Фолксваген поло“...

Шестото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе се одржи вечерва со директен пренос на Македонската радио телевизија од 20:10 часот. Во шестото коло од наградната игра ќе се извлекуваат 150 вредносни ваучери и главната награда е автомобил „Фолксваген поло“.
Неизвлечените коверти, како и пликоата од досегашните извлекувања ќе учествуваат во седмото коло на 30 јуни, кога покрај редовните награди, ќе се додели и стан и деловен простор.
Досега од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“, чиј приредувач е Државната лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, доделени се еден стан, еден деловен простор и пет автомобили. Покрај главните награди, беа доделени и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари.
За учество во наградата игра потребно е да се испратат дваесет фискални сметки со најран датум од 15 ноември во стандарден коверт на адреса бул.Гоце Делчев бр.8, поштенски фах 363, со назнака „За наградна игра Фискална во рака-награда без мака“.
Ковертите може да се остават и на пунктовите на Државната лотарија на Македонија лоцирани во Скопје пред продажното место Толлакс и МПМ Пресс кон плоштадот Македонија и во влезот на зградата на МРТ.
Низ градовите во државата пред секое извлекување се одвива караван со поставување пункт пред продажно место на Државна лотарија на Македонија.
