МОН

Комисијата за заштита од дискриминација ќе поднесе тужба против МОН поради недостигот на учебници

05.10.2023 13:37

Поради недостигот на учебници, деневовие ќе биде поднесена тужба против државата односно, Министерството за образование. Одлуката е донесена поради повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование, извршена со необезбедување учебници по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата во задолжителното деветгодишно образование.

Поради недостигот на учебници, деневовие ќе биде поднесена тужба против државата, односно Mинистерството за образование. Тужбата ја поднесува Комисијата за спречување и заштита од дискриминација а ја изработува Македонското здружение на млади правници.

Одлуката е донесена поради повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование, извршена со необезбедување учебници по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата во задолжителното деветгодишно образование.

„Ќе поднесеме пред Граѓански суд тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај Комисијата е една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивен интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата“, изјави Весна Бендевска, од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Од вкупно 123 учебници , на 01 септември недостигаа 46 што е една третина од потребните учебници во образовниот процес во земјава.

„Комисијата е експертско тело кое утврдило дека во случај кога не постои учебник како основно средство за изведување наставно обазовен процес, што е должна државата да го обезбеди се наоѓа во ситуација да нема еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со учениците кои ги имаат учебниците. Висината на прекрошкот ќе го утврдува судот“, додава Бендевска.

Од формирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација до денес поднесени се вкушно 850 преставки по разни основи.

 

Соња Рилковска