Сирија

Нападнати цивили во северозападниот дел на Сирија

05.10.2023 14:11

Сириската влада гранатираше село во северозападниот дел на земјата, контролиран од бунтовниците, при што загинаа најмалку пет цивили...

Сириската влада гранатираше село во северозападниот дел на земјата, контролиран од бунтовниците, при што загинаа најмалку пет цивили.

Опозициската сириска организација за цивилна одбрана, позната и како бели шлемови, соопшти дека при гранатирањето погодена е семејна куќа. Нападот се случува во време на пораст на тензиите во енклавата под контрола на бунтовниците. 

Дамаск тврди дека нападите се насочени кон вооружени бунтовнички групи.