Политика

Мицкоски бара лидерска средба за датум за избори и Изборниот законик

05.10.2023 14:59

Ковачевски да свика лидерска средба за да се договори датумот за парламентарните избори, бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски...

Со Ковачевски немаме дилема, постои консензус за евроинтегративните процеси на земјава, тој пат треба да се продолжи – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Според Мицкоски, треба да има лидерска средба, но за договарање на изборниот процес, да се утврдат датумите за избори, за техничка влада, да се имплементираат препораките од ОБСЕ/ОДИХР. Ако Ковачевски не прифати – одговорноста е негова, вели тој.

Мицкоски ги коментираше изјавите на премиерот и социјалдемократите за мал и голем Груевски, едниот што нудел споменици место иднина, а другиот што работи против евроинтеграциите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели кај Ковачевски, Фројд проработел, можеби тој има лична фрустрација од мали работи и поради тоа прави споредба со тие мали работи.

 

 

Миле Ристески