Образование

Недостигот на учебници предизвик за учителите, проблем се и ниските примања

05.10.2023 16:11

Ненавремената достава на дел од учебните материјали е еден од поголемите предизвици, согласни се и од Сојузот на просветните работници. За наставниот кадар, проблем се велат и ниските примања...

За просветните работници, недостигот на дел од учебните материјали во моментов е најсериозниот предизвик со кој се соочуваат и учениците и учителите. Но, ова не е и единствениот предизвик.

Сафки Исмаили е наставник по математика. Вели, новите концепти бараат и нов пристап на работа, а главен ресурс се учебниците. Ненавремената достава на дел од учебните материјали е еден од поголемите предизвици, согласни се и од Сојузот на просветните работници. За наставниот кадар, проблем се велат и ниските примања.

Наставниците велат најголем предизвик во овие времиња е да се спречи врсничкото насилство и да се зачува говорот и пишаниот збор.

И македонските просветни работници го одбележаа Светскиот ден на учителите со низа пораки за подобри услови и образование.

Марија Котовска