Медиуми
ИРЛ за „Нечиста крв“ ја доби првата регионална ЕУ награда за истражувачко новинарство
05.10.2023 16:35
На конкурсот беа пријавени 108 новинарски истражувања од седум земји од Западен Балкан и Турција.
Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за сторијата „Нечиста крв“ во Сараево ја доби првата регионална ЕУ награда за истражувачко новинарство.
На конкурсот беа пријавени 108 новинарски истражувања од седум земји од Западен Балкан и Турција.
Ова е петта награда за ИРЛ за документарниот филм „Нечиста крв“ кој е во копродукција со Македонската телевизија. Три награди освои во Македонија, една регионална во Сараево и меѓународната награда „Global Shining Light Award“ за најдобра истражувачка сторија во Гетеборг.
Фото: ИРЛ
