ЕУ да се приспособи и да ги прими земјите што долго се во предворјето, порака од самитот во Гранада
Проширувањето на агенда, ЕУ со отворен процес за приспособување, Македонија во одлична позиција со почнати преговори- вели премиерот Ковачевски...

Европската унија мора да се приспособи и да ги прими земјите што долго се во предворјето – пораки од собирот на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија. Проширувањето на агенда, ЕУ со отворен процес за приспособување, Македонија во одлична позиција со почнати преговори-вели премиерот Ковачевски.
„ЕУ има стратешки интерес и веќе отворен процес за свое приспособување коешто е паралелен процес во однос на тоа дека ќе треба да функционира во иднина со земји коишто имаат поголем број од сегашниот. Што значи дека ќе постои динамика и на страната на земјите кандидати за членство, пред сè мислам на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, меѓутоа и динамика внатре во ЕУ во однос на приспособување на функционирањето на повеќе земји членки“, изјави премиерот Ковачевски на Самитот во Гранада.
Додаде дека Германија и Франција веќе имаат изработено работен документ којшто и се однесува на тие стратешки промени кои треба да се направат, но не може да го коментира тоа во моментот.
Викторија Милевска известува од Гранада
