Промовирана монографијата „60 години архивска дејност“ на Битолскиот архив

27.05.2014 10:33

Историскиот архив во Битола своето шестдецениско опстојување и работа го преточи во Монографија, со чија промоција го одбележа јубилејот...

Без точна архивска документација нема сигурни податоци за постоењето на една нација. Битолскиот чувар на историјата, за шест децениското постоење во својт терзор депонирал бесценети документи кои од антиката до денес сведочат за богатото минато на овој регион во борбата за докажување на македонската самобитност.

„Во публикацијата е опишан архивскиот развој. Во нашето депо има окулу 1.000 збирки фондови, 1.500 книги, богата фото- документација и други документи кои се вистински предизвик посебно за научно- истражувачката дејност“, рече раководителот на битолското оделение на Државниот архив, Ацо Кимовски.

„Посебно е сочувана збирката ’Сиџилиите од битолскиот кадилаг’ од 1607-1917 година за времето на отоманската империја“, додава рецензентот Иван Алексов од Државниот архив.

Тогашниот околиски архив само со двајца вработени, денес е современо подрачно оделение во кое се чуваат најзначајните документи и од четирите помали соседни општини. Фондови кои освен за потребите на истржувачите на минатото, се користат за потребите на граѓаните .

„Оваа институцуја не е место само за заштита и чување на архивскиот материјал кој сведочи за историскиот, стопанскиот и културниот развој на земјава, туку е и институцуја која е сервис за потребите на граѓаните“, рече директорот на Државниот Архив на Р. Македонија, Зоран Тодоровски.

На одбележувањето на јубилејот, Тодоровски рече дека во прилог на осовременувањето на архивската дејност одат и минатогодишните измени на Законот за оваа дејност.

Стевче Митрески