временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
06.10.2023 07:57
Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде 5 степени а максималната ќе достигне 28 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 27 степени.
