Тенис

Почна чистката...

27.05.2014 10:34

Освојувачот на првиот грен слем Австралискиот, Станислас Вавринка оди во аут...

Теискиот грен слем втор за годинава, Роланд Гарос, го остави зад себе вториот ден, во кој веднаш се случи сензационална елиминација. Освојувачот на првиот грен слем Австралискиот, Станислас Вавринка оди во аут.

Гилермо Гарсија Лопез беше кобен за швајцарецот, кој дојде како трето рангиран во Париз. Очигледно неговото име беше само мотив екстра за 30 годишниот искусен шпанец, кој по 4 сета си го тасира патот до второто коло, каде го чека домашниот тенисер Манарино. Профитот се чини од прешкрувањето на Вавринка од списокот во Париз, го имаат Надал(1) и Мареј(7) кои се најдоа во истиот дел од жребот со швајцарецот.

Втора париска рунда лесно обезбедија првиот и вториот светски рекет Надал и Ѓоковиќ. Место за втор круг од оние од топ 10-ката, избори и Нишикори со бројот 9 до своето име.

Кај дамите патот на трибините и го покажа 145-тата во ВТА поредокот французинката Парментије на Винчи, која на црвеницата во француската метропола дојде како 17-то рангирана. Останатите со носителски примат, го оправдаа истиот, Квитова(5), Шарапова(7) и Цибулкова(9). Јелена Јанковиќ како 8-ми рекет во Париз вчера се мачеше во првиот сет со канаѓанката Фишман, но во вториот кога и тргна, темницата го прекина дуелот кој продолжува денеска.      

Третиот ден во Париз, меѓу 10-ката треба да ги понуди пресметките: Ферер(5)-Сијслинг и Мареј(7)-Голубев.

На Ли(2) истрчува денеска за првпат на црвеницата во Парис, противничка за продолжение на престојот ќе и биде французинката Младеновиќ. Халеп(4) со задача да оправда статус преку русинката Клеибанова, Ерани(10) против американката Кеис.