Економија

Од денеска нов скок на цените поради повисока стапка од 10%

06.10.2023 08:36

Иако Владата најавуваше дека со повисока стапка од 10 насто ќе бидат само перките од ајкула, чија-семето, тартуфите, сирењето со мувла, сепак луксуз ќе бидат и над илјада артикли меѓу кои, брашното, џигерот, сладоледот, сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, сирењето и урдата...

По само две недели откако Владата донесе одлука за намалување на цените на основните прехранбени производи, од денеска повторно скок на цените во маркетите. Иако Владата најавуваше дека со повисока стапка од 10 насто ќе бидат само перките од ајкула, чија-семето, тартуфите, сирењето со мувла, сепак луксуз ќе бидат и над илјада артикли меѓу кои, брашното, џигерот, сладоледот, сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, сирењето и урдата.

На списокот се и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервираната храна.

Поскапува и храната за децата-гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видови бонбони, но и чаевите и тропското овошје. Со зголемување на ДДВ-то, во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра.