Фестивал

Охридскиот мешан хор „Вокс лихнидос“ на два Меѓународни фестивали во Црна Гора и во Романија

06.10.2023 08:48

Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид, од денеска ќе престојува во Црна Гора, каде ќе учествува на осмиот Меѓународен хорски натпревар што ќе се одржува во Херцег Нови. Диригент на хорот е Бурим Хидри...

Градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид, од денеска ќе престојува во Црна Гора, каде ќе учествува на осмиот Меѓународен хорски натпревар што ќе се одржува во Херцег Нови. Диригент на хорот е Бурим Хидри.

Хорот во Херцег Нови ќе ги изведе „Sicus cervus“, „Konj“, „Besa me mucho“ и „Капетан“ од охридскиот композитор Гоце Гавриловски.

„ Вокс Лихнидос“ ќе има уште еден меѓународен настап, на хорскиот фестивал во Темишвар, Романија, наредниот месец.