МВР

Приведен крадец во Струмица, одземеното вратено на сопствениците

06.10.2023 09:17

На 05.10.2023 во 18.15 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(21) од Шуто Оризари – Скопје...

На 05.10.2023 во 18.15 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(21) од Шуто Оризари – Скопје. Тој се сомничи дека претходно одзел едно моторно возило и извршил тешка кражба во куќа во Струмица, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени возилото и одземените предмети и биле вратени на сопствениците.

Е.И. бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.