МВР: 64 санкционирани возачи на територијата на Тетово
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Тетово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 64 возачи, од кои 13 за возење без возачка дозвола, шест за измината важност на сообраќајната дозвола, седум возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз, двајца за непрописно вградени фолии (затемнети стакла). На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.
