Собрани 10 милиони денари на хуманитарниот концерт за помош на поплавените во регионот
27.05.2014 10:56
На телефонските јавувања одговараа министри, естрадни ѕвезди, локални челници, и други јавни личности...

Хуманата димензија на македонските граѓани, уште еднаш се докажа низ концертот што се одржа вчера во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
Според последните информации за загрозените подрачја во Босна и Херцеговина и Србија беа собрани околу 10 милиони денари.
На телефонските јавувања одговараа министри, естрадни ѕвезди, локални челници, и други јавни личности.
Владата на Република Македонија вчера донесе одлука да испрати финансиска помош од 100.000 евра за Хрватска, која исто како и Србија и Босна и Херцеговина, се соочи со големи поплави.
