Варадкар: Северна Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ
Премиерот на Ирска, Лео Варадкар, во видеопорака дава целосна поддршка Северна Македонија да стане членка на ЕУ.

Премиерот на Ирска, Лео Варадкар, во видеопорака дава целосна поддршка Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Варадкар, нагласува дека ЕУ го штити и почитува националниот идентитет на земјите членки, говори и за економскиот развој и придобивките кои неговата земја ги има како членка на ЕУ. Од релативно сиромашна држава пред 15 години, Ирска како членка на Унијата успеала економски да зајакне и да овозможи просперитет за младите генерации во земјата.
Варадкар, во обраќањето истакнува дека членството на Ирска во ЕУ, помогнало земјата да го заштити својот национален идентитет. Премиерот на Ирска посакува што побрзо Северна Македонија да стане членка на големото европско семејство.
„Членството во ЕУ ни помогна да го заштитиме и сочуваме нашиот национален идентитет. Многумина во тоа време велеа дека Ирска ќе биде проголтана од големата Европска Унија, но Унијата не функционира така. Таа ги почитува националните идентитети и диверзитетот. И со нетрпение очекувам Северна Македонија да се приклучи на семејството на ЕУ што е можно побрзо“, вели Лео Варадкар, премиер на Ирска.
