Одземање концесии на фирми кои нема да платат годишен надоместок

03.12.2013 17:55

Десетти  декември е крајниот рок на концесионерите за плаќање на концесискиот надоместок ,а на оние компании  што нема да го направат тоа ќе им биде одземена доделената концесија .Според министерот за екомонија Сараќини законот за минерални суровини е работен во соработка со концесионерите  и секој треба да ги почитува преземените обврски .

Најгорлив проблем за концесионерите е нелојалната конкуренција и Сараќини најави засилени контроли во кои покрај инспекторите на Државниот инспекторат за техничка инспекција  , ќе бидат вклучени и Трудовата инспекција и Управата за јавни приходи .Според законот , од наплатениот концесиски надоместок 78% завршуваат во општинската каса,а 22 во државниот буџет .

Свето Николовски