Политика

Средба Мицкоски- Гир

06.10.2023 15:36

Како што соопштуваат од партијата, во фокус на средбата биле идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцент беше ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Се зборувало и воопшто за активностите на партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски се сретнаа со Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во земјава.

Како што соопштуваат од партијата, во фокус на средбата биле идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцент беше ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Се зборувало и воопшто за активностите на партијата.

„Мицкоски, Николоски и Муцунски го информираа амбасадорот Гир за ситуацијата во земјата, при што акцент во текот на разговорот се стави на корупцијата и криминалот. Амбасадорот го информираа за сознанијата дека речиси секој ден се појавува нов коруптивен скандал во кој се вклучени лица од Владата“, стои во соопштението.

Од партијата укажале на неспособноста на власта да се справи со кој било предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција.