Економија

Битиќи ги претстави можностите за инвестирање пред кинески бизнисмени

06.10.2023 16:05

Битиќи пред бизнисмените од Кина ги претстави можностите и условите за инвестирање во земјава, притоа истакнувајќи дека Владата на сите странски инвеститори им нуди законски втемелени и транспарентни мерки на поддршка за отпочнување на бизнис, пропратено и со силна институционална поддршка во реализацијата на инвестициите, соопштуваат од Владата.

Вицепремиерот за економски прашања Битиќи денес оствари средба со кинеска делегација составена од претставници на неколку водечки кинески компании, а предводена од кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо.

Битиќи пред бизнисмените од Кина ги претстави можностите и условите за инвестирање во земјава, притоа истакнувајќи дека Владата на сите странски инвеститори им нуди законски втемелени и транспарентни мерки на поддршка за отпочнување на бизнис, пропратено и со силна институционална поддршка во реализацијата на инвестициите, соопштуваат од Владата.

Посочувајќи на атрактивниот економски амбиент во државата  Битиќи истакнал дека Северна Македонија има стратешка позиција во Европа, со развиена инфраструктура која овозможува брз транспорт и пристап до пазарите на европските земји.

На средбата  со кинеските бизнисмени присуствуваше и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, кој ги престави условите за инвестирање во индустриските зони во земјава- стои во соопштението.