МЗШВ

Регионална зелена акција за заедничка заштита и обнова на шумите

06.10.2023 16:10

Како што соопштуваат од МЗШВ, основната цел на оваа конференција, беше токму во таа насока, да заеднички ја зајакнеме улогата на шумарскиот сектор, зајакнувајќи го неговиот придонес во националната економија преку подобрен мониторинг и планска обнова на шумите, како и зајакнување на руралниот развој промовирајќи ги природните шумски убавини до секој еден човек.

Во рамки на првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“, министерот Николвоски заедно со своите колеги министрите за земјоделство на Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија споделија искуства и разговараа за зајакнување на соработката и националниот камацитет на земјите од регионот во делот на шумарството.

Како што соопштуваат од МЗШВ, основната цел на оваа конференција, беше токму во таа насока, да заеднички ја зајакнеме улогата на шумарскиот сектор, зајакнувајќи го неговиот придонес во националната економија преку подобрен мониторинг и планска обнова на шумите, како и зајакнување на руралниот развој промовирајќи ги природните шумски убавини до секој еден човек.

Министерот Николовски во своето обраќање истакна дека сите држави од регионот имаат заедничка обврска да ги чуваат, развиваат и обновуваат шумите, создавајќи зелена и здрава иднина за сите граѓани.

Зелената транзиција е еден од петте приоритети на министерството и Владата на Република Северна Македонија. Пошумувањето претставува една од главните алатки во борбата против климатските промени. Во таа насока како држави би требало да одговориме преку пошумување и подигнување на соодветни шумски култури, подобрувајќи го составот на шумите со автохтони видови на дрвја отпорни на климатските промени. Зајакнување на мерките за заштита на шумите од пожари и подобрување на подготвеноста при нивно гасење. Воспоставување на постојан надзор на сите шуми, особено на најчувствителните и највредни шуми, истакна министерот Николовски.

На конференцијата учество со свои излагања земаа и повеќе академски експерти од Северна Македонија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина, кој одржаа презентации на низа клучни теми, вклучително најдобри практики во обновувањето на шумите, силвикултура и предизвици во пошумувањето, споделувајќи нови научни искуства за производството на саден материјал од шумски видови, стратегии за пошумување на голи терени, хидросеење како начин за рекултивација на деградирано земјиште и еродирани подрачја, како и производство на биомаса.

Споделените искуства и практики од денешната министерска конференција за шумарство придонесуваат кон уште поголем развој на шумите, позелена и здрава иднина на земјите од Западен Балкан.