Истражување

Нереализирани 220 милиони евра капитални проекти

06.10.2023 17:31

За покривање на дополнителните расходи, Владата жртвувала за проекти најмалку 170 милиони евра и уште 50 милиони евра, капитални проекти кои требало да се реализираат од локалните власти- истражување на Центарот за граѓански комуникации. Резултатите претставени на дебатата насловена „Ефекти на финансиската и енергетска криза врз политиките и граѓаните“…

378 милиони евра добиле државните електрани за година и пол како помош од Владата за справување со последиците од кризата. Ова го покажува последното истражување на Центарот за граѓански комуникации во кое се наведува дека државата кратела од капиталните инвестиции за да даде на ЕСМ.

Сервисирала и долгови на институциите за неплатена струја во износ од 50 милиони евра. Владата и општините заедно не реализирале 220 милиони евра проекти за граѓаните како што се изградба на болници, реновирање училишта, градинки, старски домови.

Државниот ревизор побара поголема грижа при трошењето на јавните пари. Посочи на склучени, а нереализирани договори како оној во Штип за изградба на болница, поради кои државата се соочува со тужби и казни.

Според истражувањето, задолжувањето на сите институции во 2022-ра година пораснало за 30 насто и изнесува 800 милиони евра.

Анита Димитријевска-Велковска