МВР

Приведен криминалец од Тетово баран со потерница

06.10.2023 18:48

Осуден е на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори", казниво по член 215 од Кривичниот законик...

Полициски службеници од СВР Тетово денеска околу 16 часот, на улица „Иво Лола Рибар" во Тетово, со судска наредба, го привеле 34-годишниот тетовец И.А., осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори", казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Набргу потоа, И.А. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната, соопштуваат од МВР.