Трескавец е милениумско духовно, ама и урбано светилиште
Археолозите ги заокружуваат 10-годишните истражувања за античката населба Колобаиса кај манастирскиот комплекс Трескавец со констатација – Комплексот кој со милениуми е духовно светилиште, била чудесно организирана урбана античка населба со решенија кои во денешницата може да им се позавиди. Догодина треба да почне конзервација и заштита …

Со софистицирани канали за водовод и одвод на преку 1.250 метри надморска височина, античката населба Колобаиса при манастирскиот комплекс Трескавец потврдува дека ова милениумско светилиште било добро организирана урбана населба пред речиси два милениума.
Преку основен проект, ќе се конзервираат досегашните истражувања. Тоа ќе донесе и заштита, ама и туристичка атрактивност.
Духовноста се потврдува со античките светилишта на боговите Аполон и Артемида, со ранохристијанската црква од 5-ти и 6-ти век, а од 12-тиот век е манастирски комплекс „Успение на Пресвета Богородица“.
Елизабета Митреска
