Влада

Ковачевски ќе се обрати на настанот „Вкуси ја традицијата-Втор национален саем за храна и пијалаци“

07.10.2023 08:19

Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и „СлоуФуд“-Македонија. ..

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе присуствува и ќе се обрати на настанот „Вкуси ја традицијата-Втор национален саем за храна и пијалаци“.

Како што информираат од владината прес-служба, на настанот свое обраќање ќе има и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и „СлоуФуд“-Македонија. Ова е втор саем со ваков обем, на кој ќе се претстават повеќе од 400 изложувачи, кои ќе ги презентираат своите 2.000 производи приготвени по традиционални рецепти.